Децата кои во последните 6 месеци се вакцинирани со трета доза ДиТеПер може да одат во градинка од понеделник -18 март. Ова вчера го потврди министерот за здравство Имер Демири посочувајќи дека ја прифаќа препораката на Комисијата за заразни болести децата да се примаат во градина и со три дози на ДиТеПер, но во следните шест месеци да примат и ревакцина. Претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова вели дека децата во ист ден можат да примат и ДиТеПер и МРП вакцина но во различни екстемитети

 

 

Децата кои во последните 6 месеци се вакцинирани со трета доза ДиТеПер може да одат во градинка од понеделник -18 март. Ова вчера го потврди министерот за здравство Имер Демири посочувајќи дека ја прифаќа препораката на Комисијата за заразни болести децата да се примаат во градина и со три дози на ДиТеПер, но во следните шест месеци да примат и ревакцина.

-Одлуката ќе ја потпишам. Комисијата е составена од експерти кои носат праведни одлуки кои се во интерес на граѓаните и во интерес на спасување на животи- потврди министерот Демири.

И директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат, Рената Младеновска најави дека ќе биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести, со што ќе се овозможи од понеделник во градинките да се примаат деца кои ја имаат комплетирано вакцинацијата со три дози, за заштита од пертусис-голема кашлица.

Таа информираше дека испекторите на ДСЗИ неделава извршија стотина вонредни инспкциски надзори низ градинки, и приватни и државни, во кои, е утврдено дека се почитува решението за забрана за прием на целосно или делумно вакцинирани деца.

Во однос на значително повисокиот процент на вакцинирани деца во внатрешноста од над 95 проценти, наспроти во Скопје каде 50 отсто не се вакцинирани, Младеновска оцени дека родителите во другите градови во внатрешноста се поодговорни.Младеновска истовремено најави дека ДСЗИ ќе продолжи со инспекциите и во наредниот период.

Претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова деновиве објасни дека стручно проценето е дека детето вакцинирано со три дози во последните шест месеци ќе биде оптимално заштитено за да посетува градинка. Но, таа потенцираше дека ревакцина  децата мора за примат во следните 6 месеци, бидејќи како што објасни иминунолошкиот аспект за заштита на детето ќе биде целосен ако ја примило третата доза и задолжително се прими ревакцина за 6 месеци.

-Децата можат во ист ден да примат и ДиТеПер и МРП вакцина, но во различна рака- потврди д-р Грозданова.

Децата се вакцинираат со една доза на ДиТеПер во 2-иот, во 4-иот и во  6-иот месец од раѓањето, на 18 месеци прва ревакцина и на 7 години втора ревакцина.

За да не ни се случи покрај епидемијата со голема кашлица да се справуваме и со епидемија на мали сипаници претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски упати апел до градинките да вршат поинтензивна проверката на вакциналните картони. Според него треба да се врши проверката  и за МРП вакцината за да не ни се случат две епидемии истовремено.

Во регионот,во неколку држави изминатиов период веќе се прогласени епидемии и на мали мали сипаници и на голема кашлица.

(В.Ма.)