ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЛИЗИНА НА КОНВОЈОТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Паника при ненадејната посета на грчкиот премиер Мицотакис/ВИДЕО

424
EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Експлозија одекна во близина на конвојот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Одеса, а сето тоа се случи за време на посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на тој град.

Грчкиот весник „То вима“ наведува дека Мицотакис денеска ненадејно дошол во пристаништето на Црното Море и се сретнал со Зеленски.

Мицотакис застана на пат кон романската престолнина Букурешт, каде што се одржува состанок на конзервативните партии на ЕУ поврзани со парламентарната група на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент.