ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ: Моќен природен антибиотик помага при воспаление на мочниот меур

602

Секој што имал инфекција на мочниот меур знае колку таа може да биде болна и упорна. Постои чувство како да мора да уринирате иако тоа воопшто не можете да го направите, и притоа имате продорна болка и притисок.

Но, некои природни антибиотици можат ефикасно да помогнат при воспаление на мочниот меур. За инфекции на уринарниот тракт, односно воспаление на мочниот меур, во 90 проценти од случаите за виновник се смета уропатогената бактерија E. Coli (ешерихија коли). Но, за да се ослободите од неа на природен начин, ова е еден од најпопуларните природни антибиотици, кој треба да го отстрани тој непријатен проблем.

Иако многу бактерии понекогаш може да се вратат како бумеранг, некои природни лекови би можеле да го спречат тоа. Кога ќе се спојат четири природни состојки, секоја со свое благотворно дејство, добиваме моќен лек, кој им помага дури и на оние кои со години упорно се бореле против бактеријата ешерихија коли.

Рецепт за природен антибиотик против воспаление на мочниот меур: Измешани во правилна пропорција, коренот од магдонос, лимон, мед и маслиново масло ќе ги отстрани досадните бактерии со своето моќно антибиотско и антивирусно дејство.

Потребни состојки: 250 г корен од магдонос, 250 г лимон со кора, 250 г мед (по можност од жалфија) и 2 дл маслиново масло

Подготовка: Магдоносот и лимонот ситно исечкајте ги со кора, па во блендер измешајте ги сите состојки вклучувајќи го медот и маслиновото масло. Ќе добиете кашеста маса која треба да се чува во фрижидер. Секое утро треба да се зема по една лажица. Откако ќе го потрошите целото направено количество, бактериите треба да исчезнат.

Напомена: Добро би било мед да земете од овластен пчелар, лимонот задолжително да е домашен, непрскан. Ако купите лимон во продавница, оставете го да отстои во ладна вода во која сте додале малку сода-бикарбона. После тоа, добро исплакнете го.