Додека најтоплите месеци на Куба допрва доаѓаат: Соборен апсолутниот температурен рекорд за островот

397

Југоисточниот дел на Куба забележа рекордна температура за тој остров од 40,1 степени Целзиусови, објави локалната метеоролошка служба, додавајќи дека август обично е најтоплиот месец во годината.

Како што јавија кубанските медиуми, апсолутниот температурен рекорд на тој остров денеска е соборен на 40,1 Целзиусов степен.

Топлотниот бран во тој дел од островот е последица на силното влијание на високиот воздушен притисок, силно сончево зрачење, мала облачност и слаб ветер, посочија експертите.

Претходниот рекорд во Куба беше забележан на истиот дел од островот со 39,7 степени Целзиусови, на 12 април 2020 година.

Според метеоролозите, август обично е најтоплиот месец во годината на карипскиот остров.

Долгорочното зголемување на глобалната температура е резултат на зголемувањето на концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата. Доаѓањето на феноменот Ел Нињо во средината на 2023 година придонесе за брзо зголемување на температурата.