EPA-EFE/Biel Alino

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, победи на трката за Големата награда на Шпанија во Херез. Двократниот последователен светски шампион победи со време од 40:58.053 минути за трета последователна победа во Шпанија, а втора сезонава.

Второто место му припадна на Марк Маркез од Гресини, кој целта ја мина со 0,372 секунди зад победникот. Возачот на VR46 Марко Бецеки го освои третото место со заостанување од 3.903 секунди од победникот.

Хорхе Мартин останува на првото место во генералниот пласман со 92 бода, Бањаја е втор со 75, а трет е Бастијанини со 70 бода, пред Акоста кој има 69.

Следната трка на програмата е на 12 мај за Големата награда на Франција во Ле Ман.