Кинеското Министерство за надворешни работи денеска по обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин ги повика сите страни да се вклучат во дијалог и консултации и да најдат начин да ги решат безбедносните проблеми.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, на брифинг за медиумите истакна дека позицијата на Кина за Украина е „конзистентна и јасна“, пренесува Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска нареди прва мобилизација на Русија по Втората светска војна и го предупреди Западот дека Москва ќе одговори со моќта на својот огромен воен арсенал доколку продолжи, како што рече, со „нуклеарна уцена“.