Собори „Семејството, пред се” во Битола и Скопје

62

Македонското обединувачко движење (МОД) од Битола денеска ќе одржи собор за „зачувување на семејните, традиционални и општествени вредности“, насловен „Семејството, пред се”.

– Наспроти сета неморалност и контроверзност која ни се наметнува, заеднички да искажеме дека нам семејните, традиционалните и моралните вредности ни се пред се! Без разлика на вашата религија, нација и партија ве повикуваме на овој собор. Време е да престанеме да се обојуваме на нации, партии и религии, но потребно е да се обединиме и важноста да ја дадеме на вистинските семејни, традиционални, етички и општествени вредности, наведуваат од МОД.

Според најавата, ќе се одржат два собора во истиот термин од 20 часот, едниот во Битола на плоштад Магнолија, а вториот во Скопје во Жена парк.