Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска во Скопје организира донаторска конференција на која претставници од донаторската заедница во државава ќе разменат идеи за унапредување на стратешко и ефикасно користење на програмите за финансирање.
Во отворениот дел на конференцијата се најавени обраќања на домаќинот на настанот, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, како и на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и на министерот за финансии, Фатмир Бесими.