САД ја обвинија Русија денеска дека планира да го зголеми военото присуство во сојузничка Белорусија до 30.000 во рок од неколку недели, и покрај зголемувањето на бројот на војниците од Москва на границите на Украина.
– По распоредувањето на околу 5.000 војници во Белорусија, „видовме докази дека Русија има намера да го прошири тоа присуство на повеќе од 30.000 војници во близина на границата со Белорусија“ со Украина во почетокот на февруари, изјави американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд пред Советот за безбедност на ОН.
Таа потенцира дека тие сили би биле „помалку од два часа северно од Киев“.