Министерот Спасовски на средба со вршителот на должност амбасадор на САД Ерик Мејер

40

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, денеска остварија работна средба со вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Ерик Мејер и полициското аташе во ИЦИТАП Програмата на Одделот за правда на САД, Карл Рејшам.

-Вршителот на должност амбасадор на САД Мејер упати честитки по повод реизборот на Спасовски за министер за внатрешни работи и изрази уверување за понатамошно продлабочување на веќе воспоставената одлична соработка и поддршка од страна на Владата на САД, соопшти МВР.

Министерот Спасовски изрази благодарност за досегашната поддршка и одличната соработка од страна на Владата на САД во повеќе сфери од полициското работење и ги повтори приоритетите кон кои Министерството за внатрешни работи е насочено во континуитет, меѓу кои борбата против илегалната миграција, организираниот криминал, тероризмот, компјутерскиот криминал и корупцијата.

Како врвен приоритет од страна на министерот Спасовски, како што стои во соопштението, беше спомената и непречената реализација на проектите кои Министерството ги спроведува во рамки на ИЦИТАП Програмата и уште еднаш беше потврдена добрата перцепција за борба против корупцијата, при што беше нагласено дека во 2021 година, споредбено со 2020 година, откривачката дејност на корупцијата од страна на МВР беше зголемена за 50 проценти.

-Министерот Спасовски и вршителот на должност амбасадор на САД, Ерик Мејер изразија уверување и заложба и во наредниот период период да продолжат со исто темпо, во насока на интензивирање  на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје, наведуваат од МВР.