Поранешниот женски светски тениски рекет број еден и освојувачка на 18. грен слем титули, Крис Еверт, сподели видео на Твитер од добротворните организации на Ѓоковиќ под статус „Ова е другата страна што луѓето треба да ја видат“.

Станува збор за комбинирани бројни извештаи од светските медиуми за тоа кој донирал сè, колку и што донирал Ѓоковиќ од почетокот на пандемијата со коронавирус.

Една од најголемите тенисерки во историјата никогаш не криела дека е фан на Ѓоковиќ, особено што тој беше депортиран од Австралија непосредно пред тамошниот грен слем поради афера со невакцинација против коронавирус. Токму затоа го објави видео во кое се гледа каде се донирал најдобриот тенисер во светот.

Тој направи донација од еден милион евра за набавка на медицинска опрема за борба против лоронавирусот во Србија, со која беа набавени респиратори и најсовремени КТ апарати за да се забрза дијагнозата на пациентите кои боледуваат од корона, плати милионска донација за борба коронавирусот во Италија и донираше во фондацијата за борба против коронавирусот основана од Рафаел Надал. Тој стана единствениот врвен тенисер кој донирал во три различни земји за борба против пандемијата со коронавирусот. Тој организираше бесплатни вакцини за тенисерите на Отвореното првенство на Србија, каде што можеа да избираат вакцини според производителот. Пред две години, тој донираше 25.000 долари на Австралија, за време на катастрофалниот пожар во таа земја.

Ѓоковиќ, кој беше депортирн од Австралија поради тоа што не е вакциниран, својот прв настап годинава ќе го има на турнирот во Дубаи. Тоа е место каде српскиот тенисер освоил дури пет шампионски трофеи, последниот во 2020 година. Натпреварите се играат од 24 до 26 февруари, што ќе биде официјален старт на сезоната за првиот светски рекет.

Во март следуваат мастерс турнирите во Мајами и Индијан Велс, но за таму и натаму нема потврда за учество на 34-годишниот Србин.