Полскиот ракометен шампион Киелце на домашен терен славеше убедливо над португалски Порто со 39:33 во 5. коло од Лигата на шампионите. Порто во чии редови настапува македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше пристојна негатива во првиот дел, но во второто полувреме играта се распадна, што воедно беше причина за високиот пораз.

Кај победничкиот тим најефикасен беше Гудјонсон со девет гола, Сичко додаде шест, а Душебајев и Турнат постигнаа по пет, додека кај Порто, Слишковиќ имаше седум, пред Салина со шест од шест.

ПИК Сегед успеа да остане непоразен на гостувањето кај Кил 32:32. „Зебрите“ беа без Сагосен и Вајнхолд на овој натпревар поради ковид-19, но и покрај тоа ремито може да се смета како голем неуспех за двата тима.

Најдобар кај унгарскиот тим беше Шоштариќ со пет гола, пред Соареш, Гарсијандиа, Мацковшек со по четири гола, додека кај Кил, Пекелер имаше 8/8, пред Рајнкинд со пет реализации.

Елверум ја продолжи агонијата на ППД Загреб в о елитното натпреварување совладувајќи го со 30:25. Францускиот Монпелје дојде до третото славје во низа, па на својата серија по Кил и Вардар го додаде и Мешков Брест, совладувајќи го со 32:26.