Температурите во Македонија се искачија над 30 степени Целзиусови, а топлотниот бран се очекува да продолжи, барем до петок. Високите температури се опасни по здравјето, особено кога сте изложени на директна сончева светлина.

Снимателот на „Пиксел“ забележа колку брзо може да се зголеми температурата во автомобилот. Почетната температура беше 25 степени, но се искачи на вртоглави 50 степени Целзиусови за само 22 минути.