Шесткратната олимписка шампионка Американката Алисон Феликс (35), обезбеди настапа на Летните олимписки игри во Токио. Во државните квалификации на САД, 35-годишната Феликс, заврши на второто место со време од 50,02 секунди зад Кванере Хејз. За легендарната американска атлетичарка ова ќе бидат први Олимписки игри како мајка, откако во 2018 година ја доби ќерката Камрин.

-Беше голема борба за да стигнам каде што сум сега, а ако знам нешто, тоа е да се борам. Чувството е одлично да се биде повторно на Олимписките игри, вели Феликс.

Американката имаше комплицирано породување, ќерка ѝ беше на интензивна нега еден месец по породувањето, а Феликс на патеките се врати пред две години.

-Друштвото често ни зборува дека кога ќе добиете дете, вашите најдобри моменти во живото веќе поминале. Меѓутоа, апсолутно тоа не е така во мојот случај, додаде Феликс, која во кариерата 13 пати беше светска шампионка.