Бројот на активни со ковид 19 случаи се намалува во сите градови во земјава. Три градови веќе немаат активни случаи со коронавирус.
Станува збор за Дебар каде што беше регистриран и првиот случај со коронавирус во Македонија, Демир Капија и Дојран, покажува статистиката на Министерството за здравство.
Во моментов во Скопје и Куманово има најголем број на заболени со ковид-19.
Во Пехчево има само 1, а во Берово, Валандово, Богданци, Македонски Брод има по 3 активни. Крива Паланка има 6, а Пробиштип 8 случаи. Македонска Каменица има 11, Кратово 14, Демир Хисар 16, а во Делчево има 24.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.