Се верува дека ненадејниот пресврт во времето е предупредување од природата луѓето да внимаваат на своето однесување, но и да ги решат дилемите што ги мачеле подолго време.

Иако, според статистиката не е невообичаено да се појават снежни врнежи во четвртиот календарски месец, сепак тие се воглавно од минлив карактер, но тие предупредуваат дека „опашката“ на Баба Марта може да се протега подолго отколку што се надевавме.

Според популарното верување, се работи за „хуките на Баба“ кои траат од крајот на март до средината на април. Тогаш може да се случи ненадејно да дуваат студени ветрови, но и појава на ситен снег помешан со дожд или лапавица.

Бидејќи пролетта е олицетворение на ново будење на природата, преродба и постигнување хармонија, ако тоа не се случи, природата нè предупредува да внимаваме на нашето однесување и да започнеме да живееме во хармонија со природата, едни со други, но и со нас самите.