Кошаркарите на Реал Мадрид убедливо го совладаа Фенербахче во Истанбул со 93:67 во последното коло од Евролигата и на тој начин обезбедија пласман во Топ 8 фазата од елитното натпреварување. Најефикасен во победничкиот тим беше Козер со 20 поени, Дек запиша еден помалку, додека на спротивната страна прво име беше Де Коло со 23 коша.

Што се однесува до Фенербахче, тој го обезбеди плејофот од претходно, но нема да ја има предноста на домашниот терен.

Резултати: ЦСКА – Асвел 88:70, Жалгирис – Панатинаикос 93:78, Фенербахче – Реал Мадрид 67:93, Алба – Црвена звезда 81:58, Валенсија – Басконија 86:81.