Навални е негативен на тестот за коронавирус

19

Затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални е негативен на коронавирусот, изјави денеска неговата адвокатка, Олга Михајлова.

Навални, противник на претседателот Владимир Путин, минатата недела најави дека ќе штрајкува со глад во знак на протест, бидејќи како што тврдеше тој, чуварите одбивале да му пружат адекватна медицинска помош заради болките во грбот и нозете, пишува Ројтерс.

Групата за човекови права „Амнести интернешнел“ претходно соопшти дека Навални е затворен во услови кои претставуваат мачење и кои можат постепено да го убијат.