Пријавете го вашето хаварисано возило и добијте надомест за откуп

341

Од ЈП ПОЦ ги потсетуваат сопствениците на хаварисани возила да ги пријават на телефонскиот број 075/476 – 762 и да добијат надомест за откуп.

– По примениот повик, со согласност на сопственикот, ЈП ПОЦ бесплатно ќе ги отстрани хаварисаните и напуштени возила и приколки од јавните површини во Општина Центар кои потоа компанијата Васкони Скрап ДОО-Скопје ќе ги продава како старо железо, а сопствениците на возилата ќе добијат надомест согласно нивниот ценовник за откуп. Да го исчистиме Центар од хаварисани возила се вели во апелот од ЈП ПОЦ.