Идеален десерт за убаво да се насладите со попладневното кафе. Вкусни се и меки, а ќе бидат готови за час. Сите потребни состојки можете да ги најдете во својата кујна. Се работи за меки крофни во топчеста форма со дупче на средина, а ние ги нарековме „тркало крофни.“. Највкусни се со свежо сезонско овошје.
Потребно:
200 мл млако млеко
2 јајца
1 коцка свеж квасец
50 гр шеќер
1 лимон (рендана кора)
500 гр брашно
свежо овошје (сезонско)
За посипување:
шеќер во прав
масло за пржење
Подготовка:
– Замесете тесто од млакото млеко, шеќер, квацес, рендана кора од лимон, јајца и брашно. Се исмешајте со спиралните додатоци од електричен миксер.
– Оставете тестото двојно да нарасне, а потоа равлечете го со оклагија на дебелина од неколку милиметри. Вадте крофни со поголема чаша, а потоа од средината извадете од секоја по едно кругче со мала чаша (за да добијат форма на тркало)
– Подготвените крофни оставете ги да нараснат уште еднаш, а потоа пржете ги од двете страни додека не заруменат.
– Посипете ги со шеќер во прав, а послужете ги со овошје, како јагоди, малини…