Актуелниот шампион Торонто, за прв пат во историјата ја доби наградата „Тим на годината“. Минатата сезона, „Репторси“ стигнаа до првиот шампионски трофеј од кога се натпреваруваат во НБА. Како што е наведено на официјалната веб-страница на Репторс, клубот добил награда за достигнувања во тимскиот бизнис, бројот на продадени билети, партнерства, маркетинг, електронски медиуми, деловна аналитика и иновации.

Што се однесува до натпреварите кои се одиграа во НБА лигата, Лос Анџелес Клиперс, предводен од Кавај Ленард, го совлада Кливленд со 25 поени разлика (128:103). Ленард мечот во „Стејплс центар“ во ЛА го заврши со 43 поени, четири асистенции и три скока.

Резултати: Атланта – Феникс 123:110, Бруклин – Јута 107:118, Мемфис – Хјустон 121:110, Милвоки – Њујорк 128:102, Голден стејт – Далас 97:124.