Контроверзниот британски боксер, Тајсон Фјури, жестоко се подготвува за реванш натпреварот за ВБЦ појасот во тешка категорија против Дионтеј Вајлдер. Неговата последна изјава ги фрапираше сите, откако откри дека „го одржува протокот на тестостерон“ со тоа што мастурбира седум пати на ден.

Британскиот боксер ќе се бори против непоразениот крал во ВБЦ на 22 февруари во арената „МГМ Гранд Гарден“ во Лас Вегас.

Двајцата боксери за прв пат се сретнаа на прес-конференцијата пред реваншот, на кој Фјури откри некои од промените што ги направи во неговиот режим на тренинзи.

  • Мастурбирам седум пати на ден и така редовно го пумпам тестостеронот низ телото додека се подготвувам за Вајлдер. Ова е прв тренинг-камп во последните десет години во кој не сум испил нитуе една кока – кола, а нема да го направам тоа ниту по натпреварот. За првпат, секоја вечер си легнувам во 21:30 часот, а станавам во седум часот наутро. Правам многу работи што никогаш не сум ги направил досега. Јадам пет, шест оброци на ден, пијам осум литри вода. Ако тоа ми даде предност, подготвен сум да го применувам ова постојано, истакна непоразениот Британец.

Првата борба меѓу Фјури и Вајлдер во декември 2018 година заврши нерешено, но според многумина, Британецот доминираше во борбата, но поради нокдаун во последната рунда на крај остана без победа.