Ериксен за Рабио

66

Англиските медиуми открија дека е можно за време на зимскиот преоден рок да се случи спектакуларна размена помеѓу лондонскиот премиерлигаш Тотенхем и италијанскиот калчо гигант Јувентус.

Двата клуба се седнати на преговарачката маса, а тема на дискусија е можниот трансфер на данскиот интернационалец Кристијан Ериксен. „Старата дама“ е сериозно заинтересирана за услугите на Ериксен и е подготвена во обратната насока да го испрати францускиот интернационалец Адриен Рабио.