Сореца со порака за Скопје и Тирана: Ве молам не се откажувајте

78

Амбасадорот на делегацијата на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сореца, реагираше по негативната одлука за отворање на преговори за Албанија и Северна Македонија со ЕУ.

Преку пост на Твитер, Сореца ги повикува двете земји да не се откажуваат од преговорите бидејќи ќе дојде денот кога ќе станат членки на ЕУ.

Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова… Денес би сакал да испратам порака до нашите пријатели: Ве молам, не се откажувајте… Јас апсолутно не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ, пишува Сореца.

За доцна попладнево најавена е прес-конференција на албанскиот премиер Еди Рама и овластениот министер за Европа и надворешни работи, Генц Цакај.