Параглајдеристите Владимир, Дарко и Мартин, најдобри на меѓународниот натпревар на Попова Шапка

103

Владимир Неделковски е победник на меѓународниот параглајдинг натпревар што изминатите три дена се одвиваше со прелети кои стартуваа од Попова Шапка во организација на параглајдинг клубот „Љуботен“ од Тетово.

Втората и третата позиција им припадна на Дарко Станковски и Мартин Јовановски. Во женска конкуренција победи Борјана Чтиркова од Бугарија.

– Имавме вкупно 27 учесници од осум земји. Времето беше поволно за трите дена натпреварување. Се леташе во категорија ФАИ2 во дисциплина прелети. Сите полетувања беа од месноста Репетитори на Попова Шапка, а по зададената рута учесниците слетуваа на локација на излезот од Тетово во правец кон Гостивар – информира Владимир Радичевски од клубот „Љуботен“.

Во текот на три денови имаше предвидени осум прелети со зададени правци.