Дома МАКЕДОНИЈА Повисока социјална помош од јуни

Повисока социјална помош од јуни

119

Собранието на Македонија денеска ќе ги продолжи 98-та и 93-та седница, на која пред пратениците се пакетот социјални закони.

На дневен ред на 93-та седница, се останати предлог законот за социјалната заштита, за социјална сигурност за старите лица и за заштита на децата. Сите три закони ќе се носат по скратена постапка.

Овие закони кои беа презентирани во септември треба да овозможат воведување гарантиран минимален приход што ќе овозможи зголемување на помошта што корисниците ја добиваат од државата, како и олеснување на достапот до детски и образовен додаток.