Баерн (М) по титула без капитенот

165

Капитенот и голман на Баерн (М), Мануел Нојер нема да биде во комбинација за последниот натпревар од актуелната сезона во германската Бундес лига. Баварскиот гигант ќе ја одбрани шампионската титула само доколку ја добие пресметката против екипата на Ајнтрахт од Франкфурт.

Дека повредата на Нојер не е ни малку наивна потврди и тренерот на Баварците, Нико Ковач.

  • Нојер постигнува напредок. Тој е во фаза на закрепнување, но тој нема да игра овој викенд, изјави Ковач.

За потсетување, голманот се повреди на првенствената пресметка против екиапата на Фортуна од Дизелдорф.