Тимоние и Адеми во „Партизан“ и ОУ „Братство“

63

Министерот за образование и наука Арбер Адеми и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ги посетија спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, позната како „Партизан“ која е изградена по катастрофалниот земјотрес во Скопје со помош на француската влада и ООУ „Братство“ во општина Карпош.

Министерот Адеми истакна дека целта е да се покаже поддршката за изучување на францускиот јазик во македонските училишта, што претставува привилегија како еден од најдобро позиционираните јазици на светската мапа на јазици.

– Поддршката за изучување на францускиот јазик е најмалото нешто што Македонија може да го направи за една пријателска земја како што е Франција, која е голем поддржувач на нашите напори за зачленување во Европската Унија, но и за покревање на квалитетот на нашиот образовен систем – изјави Адеми.

Амбасадорот Тимоние изрази задоволство што е во посета на ова училиште, во чие име е една од девизите на Франција, и дека целта на посетата на училиштата е да види како учениците се подготвуваат за изучување на на францускиот јазик.