Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, приреди проштален ручек за американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, кој од должност заминува во почетокот на март.
Ахмети и амбасадорот Бејли направија ретроспектива на четиригодишната соработка и на постигнувањата на земјата во овој период.
Соговорниците исто така разменија мислења околу Демократската унија за интеграција и за перспективите во наредните две децении, членството во НАТО и ЕУ, реформите, претседателските избори, како и за дијалогот помеѓу Косово и Србија.
На крај, Ахмети истакна дека кога и да се врати за да ја посети Македонија, амбасадорот Бејли ќе најде конак во неговиот дом и неговото семејство.