Уште 800 домови и 1.800 парцели беа потопени во последните 24 часа во градот Оренбург, центарот на руската област Оренбург, кој беше погоден од огромни поплави поради топењето на мразот и излевањето на реките.
Вкупно во градот досега се поплавени дури 3.000 куќи и 8.000 парцели.
Медиумите јавуваат дека евакуацијата продолжува.
Да потсетиме дека нивото на водата во реката Урал кај Оренбург достигна рекордно високо ниво – повеќе од два метри. Поради тоа, вчера почна масовна евакуација на граѓаните. Градоначалникот на градот оцени дека ситуацијата во Оренбург е критична.
Според последните податоци, од областа Оренбург досега се евакуирани 13.000 луѓе.