„Марка“ тврди дека Меси донел конечна одлука

156
epa10192618 Paris Saint Germain's Leo Messi in action during the French Ligue 1 soccer match between Olympique Lyonnais and Paris Saint-Germain (PSG) in Decines, near Lyon, France, 18 September 2022. EPA-EFE/Mohammed Badra

Лионел Меси одлучи да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен, објави „Marca“.

Според шпанскиот весник, 35-годишниот Аргентинец ќе го продолжи договорот со парискиот клуб до 2024 година, а на крајот од следната сезона ќе се пресели во МЛС-лигата каде ќе потпише договор Интер Мајами.

Меси верува дека преселбата во Северна Америка ќе му овозможи подобро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Актуелниот договор на напаѓачот со ПСЖ е до крајот на оваа сезона. Оваа сезона има 32 настапи за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 голови и 17 асистенции.