46-годишен маж изгоре во пожар во кочанско Грдовци

176

Во пожар што рано изутрнава избувна во куќа во кочанското село Грдовци, едно лице почина, а друго се здобило со повреди и е префрлено на лекување во Општата болница – Кочани.

Со брза интервенција на екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, пожарот е локализиран и спречено е проширување на огнот врз целиот објект.