Променливо време, викендов пораст на температурите

30

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до минус 2, а дневната од минус 4 до 11 степени.

Ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините на северозапад од снег со променлив интензитет. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер.