Светскиот тениски рекет број еден има најмногу осовено грене слем титули во кариерата, дури 24, а на својата сметка во банка има над 175 милиони долари и тоа само од наградни фондови на турнирите. Кога на овие пари ќе се додаде и заработувачката од спонзорски догвори тој веднаш може да замине во пензија

Магазинот Форбс, кој се занимава со финансиите на спортистите повторно објави дека светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, урнал нова бариера кога е во прашање заработката. По триумфот на САД Опен, тој е единствениот во историјата кој има заработено повеќе од 175 милиони долари, само од наградни фондови на турнирите, односно тој е едниствениот тенисер кој заработил повеќе од 135 милиони долари.

Новак е рекордер во многу категории, но никаде не му скокнале толку бројките како кога станува збор за заработката од турнирите. Тој има дури 40 милиони повеќе од неговиот најблизок ривал Рафаел Надал. Тоа би било исто како да има 5-6 грен слем куп повеќе од него.

За некого тоа би било уште еден доказ дека е неспоредлив, но Новак во неколку наврати изјави дека не му се допаѓа кога се истакнува неговата заработка, што не ги спречува многумина да го коментираат на разни начини. Секако, мерило за квалитет во спортот е и сумата на заработени долари, но да се сведе вредноста на Ѓоковиќ на ниво на заработка е целосен неуспех.

Затоа, секогаш кога се пишува за профитот на најдобриот тенисер на сите времиња, секогаш треба да ги споменувате неговите други, пред се, човечки вредности. Ако не од друга причина освен од педагошки причини. Покрај тоа што е неспоредлив во историјата на тенисот, Ноле е и пример дека најголемите височини не се постигнуваат со бркање пари, туку со инспирација од она што го правите, со љубење на спортот што го играте.

Ноле не е единствениот кој игра тенис поради љубовта кон него, а не поради парите, но обично е единствениот кој секогаш сака да им помага на другите. Има многу различни изјави на неговите колеги, како што е неодамнешниот Аргентинец Трунгелити, дека тој е единствениот од најголемите асови кој е секогаш подготвен да застане на страната на оние помалку среќните или талентираните.

Никогаш во кариерата Ѓоковиќ не ги истакнал материјалните мотиви за играње тенис. Секогаш беше љубов на прв поглед, таа искра што се запали на Копаоник уште пред да почне на училиште. Токму кога Ноле полета во кариерата, се појави филмот „Троја“. Во преден план е Ахил, митски антички херој, а неговите зборови дека го интересира само вечноста секогаш ме потсетуваа на Ѓоковиќ.
Но, за разлика од Ахил, Ноле не е митска личност, неговите подвизи навистина постојат. Вистина е дека не мавта со меч, туку со рекет, но тоа што го прави навистина ќе одекнува во вечноста. Исто како што сакаше Ахил.