Oбезбедeнa донација за седумчлено семејство од делчевско

103

Седумчлено семејство од делчевско доби донација во облека, играчки, постелнина од страна на ПСК „Голак“ Делчево и „Вљубеници во природата. Донацијата беше доставена во нивниот дом.

– На седумчлено семејство од делчевско им ја предадов донацијата која се состои од облека, детски играчки, кебиња, постелнина, сликовници, боенки, детски обувки, теписони, комода, ранци, столици, кревети на расклопување, завеси, ѕиден часовник, хигиенски препарати, поголема количина на храна, како и 6.200 денари парични средства, кои беа собрани и испратени од страна на моите прекрасни пријатели од рекреативното друштво „Вљубеници во природата“ од Скопје. Голема благодарност до одговорното лице на ова друштво Глигор Уруомов, кој многу ми помогна оваа моја иницијатива да се реализира – рече претседателот на планинарското спортско друштво „Голак“ од Делчево, Љупчо Чучуковски.

Во наредните денови делчевското семејство како помош ќе добие и електрични апарати за домаќинството.

– Очекувам овие кујнски апарати за домаќинството да пристигнат од Скопје, по што ќе бидат доставени во домот на семејството. Голема благодарност до сите кои помогнаа во реализација на оваа активност, особено до фирмата „Фротирка“ – Делчево, кои како и секогаш така и сега ми помогнаа за транспорт на донацијата од Скопје до Делчево – истакна Чучуковски.

Од ПСК „Голак“ додадоа дека ваквите хуманитарни активности со донација на средства и во други семејства од социјален ризик ќе продолжат во наредниот период.