Британскиот боксер Ентони Џошуа, назначи уште еден тренер во својот штаб. Според пишувањето на британските медиуми станува збор за човек кој е исклучително искусен и ќе му се приклучи на другото ново лице во тимот на поранешниот светски шампион – Анхел Фернандез.

Еј Џеј очајно бара промена во својата тактика за да си ја врати тиулата во тешка категорија. По поразот од Александар Усик минатата година, тој го тужи својот прв и се уште актуелен тренер Роб Меккракен. Сепак, стручњакот кој го предводеше Џошуа до олимпиското злато во Лондон 2012 година ќе има понезавидна улога во сегашната ситуација.

Целта на Британецот е позната – по трет пат во кариерата да ги освои титулите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО. Засега се укажува дека реваншот меѓу Еј Џеј и Усик ќе се одржи на 23 јули во Саудиска Арабија.  Сепак, се уште нема потврда за датумот и местото за борбата.