Легендарниот Формула 1 возач, Џеки Стјуарт, кој освои три шампионски титули, во знак на искреност му порача на својот сонародник Луис Хамилтон дека е подобро да се пензионира пред почетокот на оваа сезона.

Хамилтон има седум титули и е рекордер, заедно со Михаел Шумахер, по бројот на титули. Лани, во контроверзната завршница на последната трка од шампионатот, остана без осмата титула, која му припадна на Макс Верстапен.

На почетокот од оваа сезона, Британецот е само шести со својот Мерцедес во поредокот кај возачите, со 34 поени зад тимскиот колега Џорџ Расел и 98 поени зад лидерот Верстапен.

Џеки Стјуарт, чие мислење е многу ценето во Формула 1, зборуваше за необичната ситуација во која се најде Хамилтон, безбедносните услови и за играњето со оган.

  • Тој има нов тимски колега, кој е побрз од него во досегашните квалификации, што ќе биде тешко да го поднесе. Мислам дека е време да си оди. Има музика, има култура, сака облека и работа со „партали“ одлично би му одговарала. Сигурен сум дека ќе биде многу успешен бидејќи заработуваше многу пари од ова, со право, затоа што беше најдобар во своето време – истакна 83-годишниот Стјуарт.

Тој смета дека би било подобро Хамилтон да се збогувал со трките по минатата сезона.

  • Тој одлично го носеше нашиот спорт. Но, би сакал да го видам да поднесе пораз во моментов. Штета што не си замина кога беше на врвот, и мислам дека нема да се случи тоа сега. Но, попаметно е да престане сега отколку да ја истрпи сета болка што не може да го направи она што го правеше порано – додаде Стјуард.