Русите на 70-годишна жена и ја скршиле карлицата кога одбила да им го даде украинскиот пасош/ФОТО

333

Украина ги обвини руските војници дека на 70-годишна жена и ја скршиле карлицата откако одбила да им го предаде украинскиот пасош.

Украинското министерство за надворешни работи на Твитер објави дека Русите го застанале автомобилот во кој патувала Тетиана Антоњук додека се обидувала да го напушти Херсон.

Кога Антоњук одбила да им го предаде украинскиот пасош, војниците почнале да ја удираат.