Македонската одбојкарска репрезентација во Велес ќе ги одигра натпреварите на првиот турнир од Сребрената европска лига.

Одбојкарската федерација на Македонија ја доби организацијата и на турнирот од групата „А“ во која покрај Македонија се и Израел, Кипар и Данска, но и на завршниот Ф4 турнир на кој најдобрите четири селекции од двете групи ќе се борат за титулата во ова европско натпреварување.

  • Разговараме, има расположение кај Велес и се надевам дека ќе успееме да се договориме. Има некои работи кои треба да се исполнат за беспрекорна организација, а Велес ќе добие еден голем репрезентативен настан каков што градот во кој одбојката се негува со децении, навистина заслужува, вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

Инаку, Македонија оваа година повторно обезбеди пласман на Европското првенство кое се игра во Полска, Естонија, Чешка и Финска.