Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне треба да ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва по полноќ.
Бензините минатата недела поевтинија за 1 денар, а дизелот и екстра лесното гориво за половина денар.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50денари за литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,914 денари и килограм од тој енергенс чини 34,167 денар.
.