Ќерката на хрватскиот музички великан неутешна: Ќе се обидам да му простам на универзумот за оваа болка

808

Мирна Савиќ, ќерката на неодамна починатиот музички великан Масимо Савиќ, на својот Фејсбук профил објави архивска фотографија на која ги гледаме Масимо и неа во друштво на нејзиниот избраник.

Како што пишуваат хрватските медиуми, Мирна и нејзиното момче се во врска повеќе од шест години, а заедничкиот живот го започнале пред две години.

Судејќи по најавата на Мирна, се чини дека планот бил да ја крунисаат љубовта пред матичар во текот на последниот ден во 2022 година, но …

„Денес тројцата требаше да стоиме вака, да се гушкаме, но пред матичар. Тато планираше да не изненади со песна. Ќе го поминам остатокот од мојот живот обидувајќи се да му простам на универзумот за оваа болка“, неутешно рече Мирна.

Последното збогување на Масимо ќе се одржи на 3 јануари на градските гробишта во Задар.