Принцот Хари и Меган Меркл уживаат во семејната идила во нивниот раскошен дом во Калифорнија, далеку од британскиот кралски двор. Неодамна Хари и Меган го добија второто дете, а Арчи сестричка.

Лилибет Дијана стана ѕвезда уште од своето раѓање. Иако нејзините родители уште пред да се роди одлучија да нема титула пред нејзиното име, како и пред името на нивниот првороден син Арчи, сепак малата Лилибет Дијана во домот е вистинска принцеза со свој замок.

Куќата што ја купија Хари и Меган во Монтесит, Санта Барбара, има девет соби, но две од нив се посебни. Едната му припаѓа на двегодишниот Арчи, а другата уредена како замок од бајките е за малата Лилибет Дијана.

Собата наликува на вистински замок од бајките на Дизни. Тоа е всушност детски кревет со посебна крошна – две кули поврзани со балкон, до кој се стигнува по скали. Собата е во бебешко розови тонови, а тие бои е и замокот на малата принцеза.

Куќата што ја купија минатата година во Калифорнија, чини 15 милиони долари. Главната зграда е изградена во 2003 година во медитерански стил, има девет соби, 16 бањи, теретана, сауна, спа центар, тениско игралиште, базен, детско игралиште, библиотека и кино.

Имотот претходно беше во сопственост на рускиот бизнисмен Сергеј Гришин, а меѓу нивните соседи се многу славни личности како Опра Винфри, Елен Деџенерис, Кети Пери и Аријана Гранде.