Јунајтед постојано застанува на чекор од победата

75

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, не е задоволен од ремито со Арсенал. Манчестер синоќа на свој терен одигра 1:1, иако по првото полувреме имаше водство.

  • Не го постигнуваме вториот гол неопходен за самодоверба. Мора да учиме од нашите грешки кои ги направивме на минатите натпревари. Постојано застануваме на чекор од победата, што е разочарувачки. Мислам дека може да ризикуваме повеќе на идните средби, изјави Солскјер.

Манчестер го има најлошиот старт во последните три децении во Премиер лигата. По седум кола Јунајтед е на 10. место со девет бода.