Јувентус повторно ќе биде исфрлен од Серија А

125
epa10304513 Juventus' Moise Kean (R) celebrates with teammates after scoring the 1-0 lead during the Italian Serie A soccer match between Juventus FC and SS Lazio in Turin, Italy, 13 November 2022. EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Фудбалската федерација на Италија започна истрага против најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, кој е обвинет дека на играчите им има испатено различни парични суми за плата од тие кои се службено објавени во финасискиот извештај.

Истражителот од ФФИ треба да открие дали постоеле тајни исплати за играчите во 2020 и 2021 година.

Во понеделникот, раководните лица на „старата дама“, на чело со претседателот Андреа Ањели и извршниот директор, Маурицио Аривабене, поднесоа неотповиклива оставка, а фамилијата Ањели, која го има мнознискиот пакет во Јувентус, предложи во претседателската фотеља да седне сметководителот со цел клубот полесно и побрзо да се „фати“ за финансиското тркало и веднаш да бидат решени правните проблеми.

Во изминатите неколку недели, финансискиот извештај на Јувентус беше на удар од страна на истражителите и италијанскиот пазарен регулатор „Консоба“ поради можните финансиски манипулации.

„Фудбал Италија“ пишува дека според законот, „фалицифирањето на документите кои се поврзани со сметководството и администрацијата или било која друга незаконска активност“, која директно е поврзана со клубот за сезоната во Серија А може да доведе до одземање на бодови или исфрлање од лигата.