Српскиот интернационалец Владимир Јевтиќ и во следната сезона ќе настапува за ракометниот клуб Бутел Скопје. По одличните настапи во суперлигашкиот плеј-оф, кружниот напаѓач се обврза на нова едногодишна верност, до летото 2022 година.

Среќен сум што го продолжив договорот со Бутел Скопје. Никогаш досега не сум играл во екипа што има таква хемија и такво другарство. Благодарен сум им на сите во клубот за преубавите пет месеци, сигурен сум дека следната година ќе биде уште подобра. Имам само убави зборови за клубот, управата, тренерите, и среќен сум што и следната сезона ќе бидам дел од ова екипа. Едвај чекам да ја видам и публиката на трибини и сигурен сум дека ќе обезбедиме место во европските купови, вели Јевтиќ.

Фото: Фејсбук- РК Бутел