Ја пронашол сопругата со љубовник преку Гугл стрит мап!

432

Еден Перуанец доживеал шок кога преку Гугл стрит, додека ја проверувал рутата по која сакал да се движи, ја „улови“ својата сопруга со љубовникот!

Како што пренесуваат локалните медиуми, човекот го проверувал својот правец на движење во околината на популарниот „Мост на воздишките“, во округот во Лима по име Баранко.

Меѓутоа, нашол многу повеќе отколку што планирал или сакал. Лутајќи по виртуелните улици на познатиот град, наишол на сопствената сопруга во прегратка на друг маж.

Бидејќи Гугл крие податоци како регистарски таблички, броеви на куќи или лица на луѓе, работата не е 100 отсто сигурна, ама човекот ја препознал облеката на својата жена, нејзината фризура и градба.

Сето тоа веднаш и го претставил на жената која, велат медиумите, ја признала прељубата.

„Сега ми е криво што не им верував на пријателите кои ме предупредуваа дека ја гледаат со друг“, се пожалил на локалните медиуми измамениот човек, а наводно по овие фотографии следел и развод.