Едно е сигурно – нè очекува возбудлив викенд во Светскиот куп во Норвешка. За тоа најдобро говори вториот натпреварувачки ден во Лилехамер во натпреварот во ски-скокови каде што можевме да видиме рекорд.

Во втората серија германскиот натпреварувач Маркус Ајзенбихлер скокна на неверојатни 146 метри и го собори споменатиот рекорд во скијачки скокови. Имено, скокалницата во Лилехамер е долга 138 метри, а тоа за осум метри ја прелета и едвај успеа да се задржи на нозе.

Претходниот рекорд го држеше легендарниот Швајцарец Симон Аман од 2009 година кога прескокна 145 метри.

Во Лилехамер, гледалиштето започнува околу линијата К, односно на околу 135 метри, што значи дека тој го прескокна гледалиштето.

Сепак, овој феноменален скок не беше доволен за Ајзенбихлер да триумфира, бидејќи доби слаби оценките затоа што не можеше да го фати телемаркот во оваа должина, а едвај одржа рамнотежа на скиите. Среќа што не го допре снегот со раце, тогаш оценките ќе беа уште пониски.

До победата дојде Давид Кубацки од Полска со вкупно 283,1 бод и скокови од 137,5 и 138,5 метри. Втор беше Словенецот Анже Ланишек, а трет Австриецот Даниел Цофениг.

Споменатиот Ајзенбихлер заврши на четвртото место, остана без подиум, но за утеха го има фактот дека е новиот рекордер во скокалница во Лилехамер.

Викендов не очекува спектакл во Викерсунд каде што скокачите минуваат над 250 метри.