Јас не се обидов да го убедам да остане

93

По заминувањето на Антоан Гризман, Диего Годин и Хуанфран, Атлетико мораше да си најде нов лидер. По се изгледа, тоа ќе биде Диего Коста.

Тој даде интервју пред „Јутјуб“ каналот „Que Partidazo“, откако изјави дека не се обидел да го спречи Гризман да се пресели во Барселона, бидејќи тој сакал да игра со Меси и Суарез.

  • Неговиот сон беше да игра заедно со Меси и Суарез. Сите знаеме колку е добар Антоан. Како фудбалер секогаш сакате да пробувате нови работи и нормално е да си ја проба среќата, да стане главен играч во клуб како Барса. Тој сакаше нов предизвик и го најде во Барселона. Јас дури и не се обидов да го убедам да остане, но ако побараше да му дадам совет, ќе му кажев дека сите треба да пробаат нешто ново, изјави Коста.