Јанева: Направете преседан и ве молам пуштете ги снимките пред јавноста

159

Катица Јанева во судница на судењето за „Рекет“ побара од судијката Васка Николовска Масевска да направи преседан и во продолжение на судењето да ги презентира снимките, за кои јавноста беше исклучена.

Подоцна на средба меѓу новинарите и судијката Васка Н. Масевска, пренесува ТВ21 таа рече дека не е возможно во иднина да се случи бидејќи судот веже се произнел по тоа барање.

Судијката додаде дека во разговорите нема државна тајна или нешто поради што би била исклучена јавноста. Одлуката за исклучување е донесена само поради заштита на приватноста на одредени лица.

Судењето денеска продолжи во старата зграда каде беше започнато со сослушување на сведоци кои се предложени од страна на одбраната.