Јавната администрација на 14 декември ќе го чисти Скопје

275

Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ што ја покрена актерката Ирена Ристиќ, очекува на 14 декември да соберат над 40.000 вработени во јавната администрација кои ќе исчистат локации во Скопје и во други градови во земјава.

– Ова ќе биде масовна акција за чистење, која планираме да стане и традиционална. На овој начин вработените од државните институции ќе помогнат за зачувувањето на животната околина, а ќе влијаеме и на свеста на граѓаните, за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата. Наместо да одат на работа вработените во периодот од 9 до 12 часот ќе помогнат да се исчистат барем некои од загадените локации низ градовите – најави министерот за за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.